X
 27.01.2024 Здравје

Губењето тежина не е доволно во борбата против дијабетесот, велат научници

Дијабетесот тип 2 често се јавува заедно со други болести поврзани со начинот на живот, како што се високиот крвен притисок и дебелината, а лекарите со децении им кажуваат на луѓето со дијабетес да изгубат тежина за да се обидат да се справат со нивниот проблем. Но, слабеењето не е доволно, велат научниците и лекарите од Кинескиот универзитет во Хонгконг кои го проучувале влијанието на губењето на тежината на 37.000 пациенти со дијабетес.

Многу малку пациенти на кои им е дијагностициран дијабетес тип 2 можат да постигнат нормално ниво на гликоза во крвта само преку губење на тежината, според тимот.

Клиничките испитувања во минатото сугерираа дека губењето на тежината може да биде доволно само по себе, но ефектите во реалноста не се соодветно тестирани, според лекарите од Хонгконг, кои велат дека само губењето на тежината се покажало помалку ефикасно кога се следи надвор од клиничките испитувања.

Една од причините за отстапувањето од клиничките испитувања е тоа што учесниците добиваат силна поддршка за промени во животниот стил, вклучувајќи промени во исхраната, вежбање и ментално здравје за време на испитувањата, но не и во секојдневието, објаснуваат истражувачите.

Околу 400 милиони луѓе во светот страдаат од дијабетес, проблем кој се шири во последните децении бидејќи луѓето помалку вежбаат и јадат повеќе преработена храна.

Извор: Zimo
Насловна фотографија: Unsplash
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје