Канадска компанија откри начин да ја претвори сеприсутната пластика во дизел-гориво и бензин.
Технологијата што ја користи компанијата „Спарта груп“ веќе создава гориво за сопствените камиони.
- Пет тони нерециклиран пластичен отпад може да се конвертираат во 4.000 литри гориво. А со 4.000 литри може да се вози целата наша флота од 10 возила секој ден, по 16 часа дневно - вели Џон О'Бирек, претседател на компанијата.
Технологијата користи високи температури што предизвикуваат распаѓање на пластиката, процес познат како пиролиза. Пластиката се сече на мали парчиња и оди во херметички сад, се загрева без кислород, така што таа не гори додека се распаѓа. Пластиката што се користи е од онаа што не може да се рециклира и во спротивно би завршила во депонија.
- Ако ја оставиме, оваа пластика ќе оди во земјата и таму ќе остане илјада години. Ние ја земаме, ја конвертираме и ја користиме како гориво - вели Џон.
Уште еден сличен проект во
Канада спроведува и компанијата „Сустејн“. Најавено е дека ќе се рециклираат до 50.000 тони пластичен отпад.
Фото: Freepik