X
 15.03.2019 Живот

Британија ќе ги забрани автомобилите во близина на училиштата

На автомобилите треба да им биде забрането да чекаат близу училиштата со цел да се намали загадувањето, предупредуваат здравствените експерти.

Новиот извештај „Јавно здравје на Англија“ повикува на мерки во кои е вклучена забрана на автомобилите да стојат запалени и да чекаат во близина на училиштата, како и промовирање на ленти за чекање и давање приоритет за паркирање на електричните автомобили.

Извештајот бара и да се наметнат обвиненија за застој во градовите низ Велика Британија.

avtomobil
Фото: PA


- Јас сум доктор, гледам бројка од 35.000 до 40.000 луѓе што секоја година умираат како резултат на штетата што е предизвикана од загадувањето на воздухот - вели професорот Пол Косфорд, кој е и директор за здравствена заштита и медицински директор на „Јавно здравје на Англија“.

За предлогот да се забранат автомобилите близу училиштата, тој вели: - Сметам дека треба да имаме генерација деца што ќе израснат ослободени од злото и штетите на загадувањето на воздухот. Треба да престанеме да чекаме со запалени автомобили пред училиштата, треба да почнеме да ги пуштаме децата да одат на училиште пешки или со автомобили и треба да се осигуриме дека училиштата работат со родителите со цел да го извлечат најдоброто од сето тоа.

Тој повика на културна промена.

- Ако разговаравме за тоа дека 30.000 луѓе секоја година умираат поради загадена вода, мислам дека ќе водевме многу поинаков разговор, кој би бил: - Што треба да направиме сега и колку брзо можеме да го направиме?
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот