X
 03.05.2019 Култура

Хуманитарна изложба на Александар Илиевски, апсолвент на Универзитетот „Св. Апостол Павле“

Самостојната изложба „Биди вода“ на Александар Илиевски ќе биде отворена на 6 мај (понеделник) во 18 часот во просториите на Универзитетот на информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид. Илиевски е апсолвент на овој универзитет.
Мотивациите за творбите произлегуваат од зачувување на природата и нејзините ресурси, климатските промени, постапокалипсата, научна фантастика, романтика. Истиот принт од нив ќе може да се купи на самото место.
На настанот, освен статични уметнички дела, ќе има и преглед на 3Д-модели кои ќе излегуваат од самолепливи сликички. Сликичките ќе можат да се купуваат на отворениот штанд во самиот ходник на факултетот, а сите средства ќе бидат наменети за донација на Мила Димоска и Мартин Стојаноски. Ќе биде поставена и кутија за донирање средства.
Влезот е бесплатен.



Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура