X
 11.06.2018 Култура

Тајната историја на изолираниот остров-домаќин на средбите меѓу Трамп и Ким Јонг-ун

Првата средба меѓу лидерите на Америка и на Северна Кореја ќе се одржи во луксузно одморалиште на спектакуларен остров со брутално минато.

Островот Сентоса се смета дека е најдоброто одморалиште во Сингапур, со околу 20 милиони посетители годишно. Островот изобилува со прекрасни плажи, казина и забавни паркови.

Името на островот значи „мир и спокојство“. Бидејќи е достапен само преку еден мост што го поврзува со копно, исто така е изолиран и приватен - и токму затоа е идеално место за средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун, на самитот на 12 јуни.

4

Но до пред неколку децении островот бил познат под друго име - Пулау Белаканг Мати - што грубо се преведува „островот на смртта одзади“.

Името дава индикација за темното минато на овој безгрижен остров.

Една теорија вели дека старото име произлегува од поранешната асоцијација со пиратеријата бидејќи тропскиот остров наводно бил популарно засолниште на пиратите.

Друга теорија навлегува во легендите од светот на духовите.

3

- Легендите велат дека островот бил рај за воините-духови, чии тела биле погребани на блискиот остров наречен Пулау Брани - вели Националниот одбор на библиотеки во Сингапур.

Се претпоставува и дека застрашувачкото име се однесува на смртоносна болест што го зафатила островот кон крајот на 40-тите години во 19 век и речиси го избришала населението. Поврзувањето на островот со смрт и крвопролевање не завршило тука - исто така, островот имал голема и ужасна улога во текот на Втората светска војна.

Откако Сингапур им се предаде на јапонските сили во 1942 година, Сентоса бил претворен во брутален камп за австралиски и британски затвореници. Исто така, бил поле за убивање на кинескиот сингапурски народ, кој за време на јапонската окупација бил обвинет за антијапонски активности и поради тоа бил егзекутиран.

2
Фото: AFP


Обвинетите, претежно цивили, биле наредени на плажата долга два километра и биле застрелани, а телата биле фрлени во морето. За време на јапонската окупација испливале околу 300 трупа.

Работите се промениле во текот на 70-тите, кога сингапурската влада го развила островот како туристичка дестинација и го прекрстила со пријателско име.

Со тоа островот станал синоним за лежерните активности, шопингот и луксузот, како и поим за луксузен туристички центар и дом на некои од најбогатите луѓе во Сингапур, со вили на брегот чија цена изнесува и до 39 милиони долари.

На островот има 17 хотели, два терени за голф, плажа долга три километри и голем број атракции - Универзал студиос Сингапур, музеј „Мадам Тисо“, аквапарк, природен парк и масивни трговски центри.

1
Фото: AFP


Самитот, наредната недела - првата средба меѓу лидерите Трамп и Ким Јонг-ун, ќе се одржи во луксузниот хотел со пет ѕвезди „Капела“ - огромен комплекс, фаворит на елитата, чии соби чинат околу 10.000 долари за една ноќ.

Хотелот вклучува две колонијални згради во кои биле сместени британски офицери во 80-тите години на 19 век, познати по луксузната, беспрекорна услуга и приватност.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура