X
 03.06.2019 Живот

Грета Тунберг го паузира образованието за да се посвети на борбата против климатските промени

16-годишната активистка Грета Тунберг за неколку недели ќе го заврши средното образование. Но, за разлика од нејзините врсници, таа одлучи да не го продолжи образованието.

Наместо тоа, одлучи да направи пауза за да ја продолжи својата работа поврзана со зачувување на животната средина.

- Беше тешка одлука, но мораше да ја направам сега - изјави Тунберг.

Во септември Тунберг треба да учествува на вонредниот самит за климата во седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Исто така, во декември таа е поканета на климатската конференција во Сантијаго, главниот град на Чиле.

greta
Фото:Janerik Henriksson/TT

- Бидејќи не летам, морам да го преминам Атлантикот на друг начин. Сè уште немам одлучено како, но некако ќе стигнам таму. Сакам да се обидам на каков било начин - вели таа.

Тунберг стана позната откако го почна нејзиниот протест пред шведскиот парламент во текот на минатата година. Штрајкот, сега познат како „Школски штрајк за климата“, во изминативе неколку месеци се случи во многу градови низ светот и испрати порака до политичарите сериозно да ја сфатат глобалната климатска криза.

Исто така, Тунберг е поканета да зборува на конференцијата за климата на ОН во Катовице и на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.

Во април, во магазинот „Тајм“ таа се најде меѓу 100. највлијателни луѓе во светот, а исто така беше номинирана и за Нобеловата награда за мир.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот