X
 03.06.2020 Живот

Ѕирнете во „Вјеличка“ - најстариот рудник за сол во Полска кој стана туристичка атракција

Рудникот за сол Вјеличка, кој се наоѓа во близина на Краков, Полска, докажува дека и од солта може да се направи ремек-дело.

Рудникот првпат бил отворен во 13 век, а денес е на Листата за светско наследство на УНЕСКО. Со причина! Најдлабоката точка на рудникот е 327 метри под земјата, има подземни езера, 2.000 комори и капели опремени со огромни лустери. И како тоа да не е доволно, сè што се наоѓа во рудникот е направено од сол.

Историјата на рудникот датира од средниот век, кога порано се нарекувал „Магнум сол“ или „Голема сол“. Во 13 век, бил најголемиот извор на сол во земјата, што било клучно за економијата. Денес, станува збор за една од главните туристички атракции во Полска.

Во средниот век имало околу 350 рудници за сол, а производството на сол било 7 или 8 тони годишно. Се смета дека првиот турист бил Никола Коперник, кој го посетил рудникот во 1493 година. За да го одбележи овој настан, во рудникот има статуа од сол од астрономот поставена во комората именувана по него.

Изненадувачки, рударите и денес работат тука. Рударите ги штитат историските области на рудникот, пополнувајќи ги таканаречените поструднички празнини во неговите историски делови и управувајќи со протекувањето на свежата вода. Има многу работи што треба да се реновираат, со оглед на тоа што 2 милиона посетители годишно доаѓаат да ја видат оваа комплексна структура.

Можете само да замислите колку е голема, со оглед на тоа што само 2 отсто од оваа структура е достапна за туристите.

ГАЛЕРИЈА

Извор: Bored Panda
Фото: Wieliczka-SaltMine.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот