Дипломците на колеџот „Џорџија Гвинет“ во САД гласно навивале додека Сем Кеплен ја добивал својата диплома по филм и медиуми. Него го бодрела 99-годишна мајка.
- Возбудена е, среќна и горда - изјавил 72-годишниот дипломец.
Кеплен открил дека е прв од седум браќа и сестри кои дипломирале на факултет. Тој изјавил дека најмногу го радува тоа што на промоцијата била неговата мајка.
Кеплен завршил средно образование пред над 50 години. Во текот на неговиот живот, тој водел фирма за чистење, а потоа фирма за телемаркетинг. Работел и како таксист и во складиште. Кога наполнил 68 години, одлучил да се запише на факултет.
- Се возев на автопатот 316 и слушнав на радио дека колеџот „Џорџија Гвинет“ нуди студиска програма која вклучува пишување сценарија. Пет минути подоцна се запишав - се потсетува тој.
Нему не му било неопходно враќањето во образованието, но еден од неговите соништа отсекогаш било завршувањето високо образование. Како татко на 5 деца, тој морал да го организира своето време, а на почетокот чувствувал мал стрес додека се обидувал да им се прилагоди на помладите колеги. Кеплен одредил дневна норма да разговара со нов студент секој ден и така заедно учел со колегите.
На прашањето што планира во иднина, 72-годишниот дипломец одговара дека можеби ќе запише магистерски студии и е подготвен за нови предизвици. Тој секогаш се интересирал за пишување на сценарија, а е автор на две книги.
Извор:
Lola magazin
Насловна фотографија:
Facebook