X
 16.05.2015 Култура

Жената која ги измисли цртаните филмови 10 години пред Волт Дизни

Анимацијата постоела и пред Волт Дизни, и во тоа никој не може да се посомнева. Во Америка илјадници луѓе работеле во студијата за анимација пред Дизни да го основа неговото студио.

 

жена


Често станувало збор за кратки експерименти, можеби по некое малечко филмче со некаква наративна структура. Меѓутоа надвор од Америка работите беа драстично различни. Советскиот сојуз работел генијални анимирани филмови, и долгометражни и кратки кои воглавно служеле како пропаганда. Јапонците имале уште поразвиена анимација, и воглавно ги визуелизирале народните бајки и приказни.

Меѓутоа постоела една жена која ги надминала сите. Шарлот „Лота“ Реинџер била германска режисерка која создала прекрасна елаборирана сценографија преку која ги анимирала изрежаните силуети со техниката „stop-motion“. Доста луѓе го правеле ова во тоа време. Она што е импресивно е должината на филмовите. Поголемиот дел можат да се класифицираат како долгометражни филмови. И сите настанале десет години пред „Snow White and the seven dwarfs“ на Волт Дизни за кој сите се уверени дека е првиот долгометражен филм.

Нејзиното најпознато дело е „Papageno“ од 1935 година кое гледачите неодамна го откриле на YouTube. Филмот можеби не е толку квалитетно продуциран како останатите нејзини филмови, меѓутоа е еден од најфантастичните. Воедно е и најдобар пример за нејзината работа во кој таа користи изрежани силуети, кои потсетуваат на кинескиот театар.

 

шарлот


Реинџер била особено успешна на авангардната сцена. Ја обожавале Бертолт Брехт и Курт Веил. Била продуктивна и работела интензивно меѓутоа во кратки временски интервали во кои доаѓала и си одела. Имено, Реинџер била левичарка. А да се биде левичар во време на Третиот рајх и не било баш најдобро. Таа и нејзиниот сопруг Карл Кох ја напуштиле Германија, меѓутоа не успеале да добијат државјанство, живеалиште ниту пак виза за некои од земјите кадешто тргнале. Повеќе од 10 години лутале низ Европа, а за тоа време таа снимила 12 долгометражни филмови.

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура