X
 07.04.2018 Наука

Научниците одгледале салата на Антарктикот, без почва и без дневна светлина

научници
Фото: DLR

Ако некогаш успееме да го колонизираме Марс, ќе ни биде потребна храна. А ако можеме сами да ја одгледуваме, уште подобро.

Научниците од германската „Неумаер станица III“ на Антарктикот успеале да одгледаат зеленчук - всушност 3,6 килограми зелена салата, 18 краставици и 70 ’рдокви.

Уште подобро, културите растени во лабораторија биле произведени без нечистотија, дневна светлина и без пестициди.

Наместо тоа, истражувачите користеле повторно употреблив воден циклус и систем за хранливи материи, оптимизирајќи го ЛЕД-осветлувањето и внимателно следејќи го јаглеродниот диоксид во просторијата - врз основа на метода позната како хидропоника.

„Откако го засадив семето во средината на јануари, морав да се справам со некои неочекувани проблеми, како што се мали неуспеси на системот“, вели Пол Забел, инженер вклучен во проектот.

„За среќа, сите проблеми можеа да се поправат и да се надминат“, додава тој.

Ова е само почеток. Германскиот воздушен центар, кој го координира проектот, изјави дека  научниците се надеваат дека до мај ќе собираат по 4-5 килограми зеленчук неделно.

Ова не е првпат научниците да се обидат нешто слично. Меѓународната вселенска станица одгледува зеленчук уште од 2015 година.

Меѓутоа, овој проект се фокусира на производство на повеќе видови зеленчук, салата, ’рдокви, домати, краставици, пиперки, па дури и билки. И тоа на Антарктикот, каде што температурите паѓаат до -20 Целзиусови степени, така што е неверојатно што научниците произведуваат толку видови овошје и зеленчук.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука