X
 10.08.2019 Живот

„Монсанто“ му плаќала на „Гугл“ за да закопува непогодни вести

„Монсанто“, агрохемиска компанија која ја бие лош глас поради земјоделските пестициди и генетички модифицираните организми, наводно работела прекувремено за да ги дискредитира истражувачките новинари што ја критикувале, па дури и му платила на „Гугл“ да ги потиснува резултатите.

Кери Гилијам, новинарка од „Ројтерс“, со години известувала за ефектите врз здравјето од производите на „Монсанто“. Бидејќи била дел од масовната кампања за контрола на штетата, компанијата работела да ја дискредитира нејзината работа колку што е можно повеќе. Можеби највознемирувачкото нешто е тоа што компанијата наводно му платила на „Гугл“ за да промовира резултати од пребарувања кои наметнуваат сомнеж околу она што го пишувала новинарката.

Додека Гилијам се подготвувала да ја објави својата книга во 2017 година, од „Монсанто“ ја интензивирале работата. Компанијата составила листа со 23 чекори за да се потценат клучните наоди на Гилијам, промовирајќи содржина во која се тврди дека нејзините хемикалии се безбедни.

Во документот на компанијата може да се види и како „Монсанто“ планира да лансира нова интернет-страница полна со нивни поенти и да плати за да се осигури дека тие се појавуваат кога луѓето го гуглаат името на Гилијам.

- Отсекогаш сум знаела дека на „Монсанто“ не ѝ се допаѓа мојата работа и работеше на притисок на уредниците и на мое замолчување, но никогаш не мислев дека мултимилијардерска компанија всушност би потрошила толку време и енергија на личност како мене. Ова е зачудувачки - истакна новинарката.

Фото: Screenshot/Monsanto
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот