X
 13.03.2023 Живот

Како еден швајцарски град, кој нудеше 25.000 евра за да се преселите таму, предизвика бум низ целиот свет?

Животот во Швајцарија носи многу придобивки бидејќи тоа е исклучително убава земја каде што просечниот животен век за мажите е 79, а за жените 84 години. Ова е, исто така, земја со одлична храна, ниска стапка на криминал и со еден од најдобрите образовни системи во светот.

Доколку воведниот дел не беше доволно убедлив мотив за да се преселите, градските власти на швајцарското гратче Албинен нудат парична награда од 25.000 евра ако се преселите таму.

Албинен е прекрасна општина во областа Леук и кантонот Вале на југот на земјата. За жал, во областа нема многу можности за вработување, така што нејзината популација драстично се намалува во последните неколку децении.

Со цел да се поттикне растот на наталитетот во општината, градските власти уште во 2017 година одлучија да привлечат луѓе со високи парични суми. Благодарение на интернетот, таа вест одекна низ целиот свет.

Но, градските власти во Албинен биле изненадени кога сфатиле колку луѓе се заинтересирани да се преселат иако не ги прочитале уредно условите за добивање на паричната награда. Така, тие биле преплавени со апликации од целиот свет, а некои се појавиле со куфери подготвени да почнат да живеат во градот.

Што, всушност, нудеше градот?


Споменатата сума беше понудена за секој возрасен што сака да се пресели во Албинен, а дополнителни 10 илјади франци за малолетно дете. На тој начин четиричлено семејство, составено од мајка, татко и две малолетни деца, можеше да добие сума од 70.000 евра.

Кој имаше право да учествува?

На оваа придобивка имаа право швајцарски државјани, како и лица од други делови на светот кои имаат дозвола за постојан престој во Швајцарија или таканаречена дозвола Ц. Граѓаните на Европската Унија можат да влезат и да престојуваат во Швајцарија без никакви посебни дозволи во период од 90 дена. Потоа треба да побараат дозвола за привремен престој – Б или Л, која трае околу една година. Дозволата Б може да се продолжи неколку пати, а по пет последователни години во Швајцарија, граѓаните на ЕУ имаат право да аплицираат за дозвола Б. Граѓаните што не се членки на ЕУ мора да живеат во Швајцарија десет последователни години пред да аплицираат за дозвола за постојан престој.

За програмата можеа да аплицираат само лица помлади од 45 години. Тие мораа да се обврзат да купат дом со минимална пазарна вредност од 200.000 швајцарски франци. Потоа, заинтересираните мораа да се обврзат да живеат во Албинен минимум 10 години. Во случај да одлучат да се иселат од градот пред истекот на рокот, треба да ги вратат добиените пари.

Кој ги доби парите?


Не само што заинтересираните Американци, Бразилци и други народи во времето на објавувањето на тендерот не можеле да ја добијат сумата, туку ни луѓето што ги зборувале официјалните јазици на Албинен - ​​германски и француски.

Дополнително, оние луѓе чија работа што може да се извршува од удобноста на нивниот дом имаа поголеми шанси да добијат финансиски средства.

Во текот на 2018 година беше одобрена сума за две семејства, а беа разгледани уште три понуди. Спонтаните патници што не ги прочитале условите за учество се вратиле во своите домови.

Извор: 6yka.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот