X
 03.08.2021 Живот

Германија ги заостри мерките за влез во земјата

Министерството за здравство на Германија ги заострило мерките за жителите кои влегуваат во државата од 1 август. Новите мерки се однесуваат на тестирањето и сертификатите со кои сите патници ќе може да докажат дека прележале ковид-19 или се вакцинирале против болеста.

Според новите мерки, од 1 август, сите лица постари од 12 години ќе мора да покажат документ со кој докажуваат дека се негативни на ковид-19, ја прележале болеста или се вакцинирале. Ќе се прифаќа и доказ за негативен резултат од брз антигенски тест кој треба да биде стар најмногу 48 часа.

Досега, овие мерки се однесуваа на патниците кои доаѓаат во Германија со авион, но отсега тие важат за сите гранични премини.

Владата се одлучила да ги заостри мерките за да се намали ризикот од зголемување на случаите во земјата, изјавиле од министерството за здравство.

Извор: Klix
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот