X
 03.08.2024 Здравје

Дијабетичарите и летните горештини: совети за одржување оптимално ниво на шеќер во крвта

На кои симптоми треба да обрнат посебно внимание луѓето со дијабетес (дијабетес мелитус) при екстремни горештини, како правилно да ја приспособат терапијата и исхраната во договор со својот лекар, како и какви мерки можат да преземат за да се заштитат од сонце и високи температури, објаснува проф. д-р Срѓан Поповиќ, еднокринолог.

Кои се најчестите симптоми на кои треба да внимаваат луѓето со дијабетес за време на летните горештини?


- Луѓето со дијабетес во текот на летото не треба никаде да одат без шише вода. Дехидрацијата може да биде фатална за овие лица. Класичните симптоми на хипергликемија, како што се сува уста и чувство на жед, особено при многу потење, исто така може да доведат до дијабетична кома. Не е наивно да се заборави рехидратацијата, затоа човек со дијабетес никогаш не треба да остане без шише вода, особено во овие топли денови - предупредува д-р Поповиќ.

Дали има потреба од приспособување на дозите на инсулин во текот на топлите месеци?


- Што се однесува до терапијата, таа треба да се приспособи на исхраната. Ако некој е на инсулинска терапија, дозата на инсулин треба да се намали со оглед на оброците кои се генерално помали и помалку калорични во лето. На пример, ако некој примал 12 единици инсулин со брзо дејство пред оброк, дозата треба да се намали на 6 единици во лето и да се следи. Овошјето што е прилично слатко, како што е лубеницата, треба да се консумира умерено, но секако секогаш треба да се консултирате со вашиот лекар - забележува д-р Поповиќ.

Дали има некои конкретни препораки за исхрана, внес на течности и вежбање за луѓе со дијабетес кога надвор е топло?

- Важно е да се води сметка за внесот на овошје и слатка храна, како и правилна рехидратација. Внесувањето доволно течности е клучно. Препорачувам да консумирате помалку калорични оброци, со редовно следење на нивото на шеќер во крвта. Што се однесува до вежбањето, тој сегмент треба да се приспособи и на надворешната температура. Најдобро е да вежбате на разладено место или да пешачите рано наутро или доцна навечер. Треба да избегнувате директно изложување на сонце и да носите заштитни очила и капа. Многу е важно да се следи нивото на шеќер во крвта пред, за време и по вежбање - истакнува д-р Поповиќ.

Како може патувањето и менувањето на временските зони во текот на топлите летни денови да влијаат врз нивото на шеќер во крвта кај дијабетичарите?

- Во однос на патувањето и промените во временските зони, инсулинот со брзо дејство даден со оброците може да продолжи да се дава додека се следи распоредот на оброци. Единственото нешто што треба постепено да се приспособува е вечерниот инсулин со бавно дејство (долго дејство), кој покрива 24-часовно производство на инсулин. Тој инсулин со долго дејство мора постепено да се приспособува, не можеме едноставно да го намалиме при промена на временските зони, на пример, кога патуваме во Америка или Австралија. Потребно е постепено да се менува времето на администрација на инсулин за 2 до 3 часа на секои неколку дена, во зависност од временската зона, додека не се приспособи на новото време. Ако сте давале инсулин во 22 или 22:30 часот, следете го тој ритам и полека поместете го времето за 2 до 3 часа. Инсулинот со брзо дејство треба да се приспособи на внесот на храна, ако сте прескокнале оброк, нема да давате ниту инсулин. Ако не сте појадувале, ќе дадете инсулин со брзо дејство со ручек или друг оброк. Затоа, инсулинот со брзо дејство го следи внесот на храна, додека вечерниот инсулин со долго дејство мора постепено да се приспсобува - вели д-р Поповиќ.

Совети плус:


-Иако дијагнозите се универзални (напишани на латиница), за патувања во странски земји треба да имате медицински документ преведен на англиски;
-Кога патувате со авион до далечни дестинации, без придружба, стјуардесата треба да биде информирана за постојната дијагноза на дијабетес;
-Во случај на хипогликемија (пад на шеќер), треба да имате со себе ампула глукагон за да го подигнете шеќерот;
-Поради високите температури, инсулинот треба да се носи во соодветна опрема (мини-фрижидер).

Дали има некои нови случувања во лекувањето на дијабетесот?


- Би сакал да истакнам дека беше спроведена голема студија која испитуваше хербален препарат. Научниците дошле до заклучок дека комбинацијата од девет клинички тестирани билки го намалува нивото на гликоза (шеќер) во крвта и помага во регенерација и обезмастеност на бета-клетките на панкреасот, кои се директно одговорни за производство и дистрибуција на природен инсулин во телото, кој е научно докажан во клиничките студии - вели проф.д-р Срѓан Поповиќ и на крајот дава совет:

-Лицето со дијабетес секогаш треба да има со себе апарат за мерење на гликоза во крвта, за редовно да го следи нивото на шеќер во крвта.

Извор: eklinika.telegraf.rs

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје