X
 03.09.2024 Препорачани огласи

Народна банка вработува пет извршители

Врз основа на член 59 од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија и Одлуката за утврдување потреба од засновање работен однос бр.04-30558/1 од 2 септември 2024 година, Народната банка на Република Северна Македонија распишува

ОГЛАС
за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија


1.Народната банка на Република Северна Македонија објавува оглас за вработување на пет (5) извршители, и тоа:

1.1Два (2) извршители на определено време во траење од 1 година од кои:
- 1 извршител на работното „помлад супервизор почетен II степен“ во Отсекот за регулаторно известување и административни работи во Дирекцијата за вонтеренска супервизија и лиценцирање и
- 1 извршител на работното место „помлад архивист почетен I степен“ во Библиотека и Архив на Народната банка.

1.2.Два (2) извршители на определено време во траење од 2 години на работното место „самостоен супервизор I степен“ во Дирекцијата за теренска супервизија.

1.3.Еден (1) извршител на неопределено време на работното место „помлад статистичар почетен II степен“ во Отсекот за изготвување и објавување екстерни статистики во Дирекцијата за статистика.


2.Кандидатите за работните места од точка 1, треба да ги исполнуваат следните општи услови за засновање работен однос, утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија: да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат општа здравствена способност за работното место и да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

3.Покрај општите услови за засновање работен однос утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:
- за работното место „помлад супервизор почетен II степен“ во Отсекот за регулаторно известување и административни работи во Дирекцијата за вонтеренска супервизија и лиценцирање, да имаат завршено факултет од областа на економските науки со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ), да имаат работен стаж најмалку 1 година година стекнат по завршување на високото образование, да имаат познавање на сите регулаторни извештаи и подзаконската регулатива со која тие се определени, познавање на методологиите за изработка на извештаите, познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните познавања на ризиците на кои се изложени банките и регулаторните извештаи и подзаконската регулатива со која тие се определени, познавања од областа на работењето на Народната банка и англиски јазик.
- за работното место „помлад архивист почетен I степен“ во Библиотека и Архив на Народната банка, да имаат завршено факултет од областа на филозофските науки со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ), да бидат со или без работен стаж, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер, познавање на методите на истражувачката работа во доменот на архивистиката и познавања од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните познавања од областа на архивистиката и економска историја, работењето на Народната банка, англиски јазик и работа со компјутери: MS Office (word, excel, power point), Internet и Outlook.
- за работното место „самостоен супервизор I степен “ во Дирекцијата за теренска супервизија, да имаат завршено факултет од областа на економските науки, со најмалку 240 ЕКТС кредити (VIА), да имаат работен стаж најмалку 3 години стекнат по завршување на високото образование, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер, познавање на законската и подзаконската регулатива и надзорот на банките, штедилниците, овластените менувачи, платежните институции и институциите за електронски пари, познавање од областа на работата на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните стручни знаења од областа на банкарска супервизија, банкарскиот систем на Република Северна Македонија и познавања на законската и подзаконската регулатива од доменот на банкарството.
- за работното место „помлад статистичар почетен II степен“ во Отсекот за изготвување и објавување екстерни статистики во Дирекцијата за статистика, да имаат завршено факултет од областа на економските науки со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ), да имаат работен стаж најмалку 1 години стекнат по завршување на високото образование, да имаат познавање на англиски јазик и работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните познавања од областа на работењето на Народната банка.

4.Кандидатите за работните места од точка 1 треба да достават:
‒ пријава и изјава за согласност за обработка на лични податоци;
‒ кратка биографија на македонски јазик или на македонски и албански јазик, за кандидатите припадници на албанската заедница;
‒ препораки за професионално искуство и меѓучовечки односи од претходните и тековните работодавачи;
‒ доказ за државјанство издаден од надлежниот орган на Република Северна Македонија;
‒ потврда од надлежен орган (Централен регистар на Република Северна Македонија или надлежен суд) којашто изречно ќе гласи дека на лицето не му е изречена казна, забрана за вршење професија, дејност или должност, не постара од шест месеци пред денот на поднесувањето на пријавата (други потврди коишто нема да гласат согласно со наведеното, нема да се прифаќаат);
‒ диплома или уверение за завршено образование;
‒ доказ за работен стаж задолжително за работните места од точката 1 потточка 1.1 алинеја 1, потточка 1.2 и потточка 1.3, а за работното место од потточката 1.1 алинеја 2 само доколку го имаат, од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија (други потврди од Агенцијата за вработување нема да се прифаќаат);
‒ кандидатите за работните места од точка 1, потточка 1.2 и потточка 1.3 треба да достават доказ за познавање на англиски јазик (уверение, потврда, друг документ, или свидетелство од образовна институција како доказ дека се учело англиски јазик) и
‒ кандидатите за работните места од точка 1, потточка 1.1, алинеја 1, потточка 1.2 и потточка 1.3 треба да достават доказ за работа со компјутер (уверение, потврда, друг документ, или свидетелство од образовна институција како доказ дека се учело работа со компјутери).

Сите докази може да бидат доставени во копија.

5.Работното време во работната недела за работните места од точка 1 започнува помеѓу 8,00 и 9,00 часот, а завршува помеѓу 16,00 и 17,00 часот.

6.Во согласност со Колективниот договор на ниво на Народната банка, со кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1 потточка 1.1 алинеја 1 и потточка 1.2, кои имаат работен стаж и за првпат склучуваат договор за вработување со Народната банка, да се склучи договор за вработување на определено време со вршење пробна работа во времетраење од 1 месец.
Кандидатот кој ќе заснова работен однос на работното место од точка 1 потточка 1.1 алинеја 2, кој има работен стаж и за првпат склучува договор за вработување со Народната банка, да се склучи договор за вработување на определено време со вршење пробна работа во времетраење од 1 месец, а доколку кандидатот нема работен стаж, да се склучи договор за вработување на определено време со вршење на приправнички стаж во времетраење од најмногу 12 месеци
Со кандидатот кој ќе заснова работен однос на работното место од точка 1 потточка 1.3 кој за првпат склучуваат договор за вработување со Народната банка, да се склучи договор за вработување на неопределено време со вршење пробна работа во времетраење од 1 месец.

7.Договорот за вработување склучен на определено време, може да се продолжи со анекс кон Договорот, во согласност со одредбите од Законот за работните односи.

8.Висината на основната (нето) плата за работните места од точка 1 потточка 1.1 алинеја 1 и потточката 1.3 изнесува 44.306,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 22.638,00 денари.
Висината на основната (нето) плата за работното место од точка 1 потточка 1.1 алинеја 2 изнесува 34.780,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 17.185,00 денари, а за време на приправничкиот стаж изнесува 70% од основната (нето) плата, односно 24.628,00 денари.
Висината на основната (нето) плата за работното место од точка 1 потточка 1.2 изнесува 68.331,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 34.643,00 денари.

9. Рокот за доставување на документите изнесува 7 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот.

10. Изборот на работниците кои ќе засноваат работен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.

11. Ненавремената и некомплетната документација нема да биде разгледувана.

12. Пријавата и Изјавата за согласност за обработка на личните податоци се објавени на интернет-страницата на Народната банка на Република Северна Македонија.
Бараните документи да се достават до Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија на бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1, Скопје.


Народна банка на Република Северна Македонија
Активен до:    12.09.2024

Издвојуваме

Препорачани огласи