X
 16.09.2024 Технологија

Нема повеќе гуглање: генерацијата З има поинаков начин на пребарување на интернет

Кога сакате да дознаете нешто, без разлика дали тоа е телефонски број или историски факт, првото нешто што го направите е пребарување на „Гугл“. И така, повеќе од две децении „Гугл“ е доминантен интернет-пребарувач со убедливо најголем пазарен удел, но во последно време ситуацијата е прилично променета, барем што се однесува до младите, односно генерацијата З.

Помладите генерации пребаруваат, а не „гуглаат“, објаснува аналитичарот Бернштајн Марк Шмулик. Наместо на „Гугл“, тие повеќе се обраќаат кон социјалните мрежи каде што пребаруваат поими за работите што ги интересираат. Тие бараат препораки и рецензии за ресторани на „Тик-ток“, бараат производи за купување на „Амазон“, а наместо од најпопуларниот онлајн пребарувач, информации за пишување домашни и други училишни задачи добиваат од вештачката интелигенција и „Чет-ГПТ“. Тие често користат вештачка интелигенција за да напишат цели трудови и да решаваат задачи.

Според истражувањето спроведено во април оваа година на повеќе од 2.000 луѓе во САД, дури 45 отсто од генерацијата З повеќе би сакале да користат пребарувачи на социјалните мрежи наместо „Гугл“. Слично е за 35 проценти од милениумците, 20 проценти од генерацијата Х и помалку од 10 проценти од т.н. бумери.

Постојат различни причини за ова, но една од најважните е што младите повеќе им веруваат на креаторите на „Тик-ток“ и на другите мрежи, бидејќи веруваат дека тие прикажуваат автентична, веродостојна и непристрасна содржина. Еден од коментарите е дека на овие платформи можете да видите како некој навистина се чувствува во ресторан, додека прегледите на специјализираните страници и мапите на „Гугл“ може да бидат полни со лажни содржини.

 

Младите денес ги користат социјалните мрежи како примарен канал за следење вести, спорт, музика, култура и слично. Сè помалку користат традиционални медиуми, односно не се информираат толку од познати портали, ТВ, радио и слично, туку инфлуенсерите се во преден план.

Извор: zimo.dnevnik.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија