Британската кралица веќе долго време ужива во облеката од вистинско крзно, а своето омилено парче го носи со децении.
Но, од палатата велат дека кралицата конечно е подготвена да се соочи со новото време и да признае дека општото мислење за употребата на крзното значително се променило.
Сите нови парчиња облека што отсега ќе бидат шиени за кралицата, вклучувајќи капути, капи и церемонијална облека за кои е потребно крзно, ќе бидат направени од лажно, а не од вистинско крзно.
Ангела Кели, долгогодишна шнајдерка и личност од доверба на кралицата, во своите нови мемоари открива: - Ако нејзиното височество мора да се појави на настан кога е студено, од крајот на 2019 година ќе ја грее лажно крзно. Таа истакна дека палтото што го носела кралицата во Словачка во 2008 година во меѓувреме е изменето.
Портпаролот на Бакингемската палата потврди: - Секоја нова облека што се создава за кралицата отсега ќе биде од лажно крзно.
Но, оваа промена се однесува само на новата
облека. Кралицата ќе продолжи да ја носи старата облека што веќе содржи природно крзно, вклучувајќи палта, капи и церемонијална облека.