X
 03.10.2019 Наука

Преку стапалките на поларните мечки ќе се следи нивниот вид

Техниката што користи ДНК од траги на клетки оставени од мечките се опишува како одлична алатка за истражување на поларните мечки. Таа е помалку наметлива од другите техники и може да помогне да се добие појасна слика за големината на популацијата.

ДНК на животната средина (еДНК) потекнува од трагите на биолошкото ткиво, како што се кожата и слузта во околината.

Научниците сè повеќе користат такви примероци за да ги следат генските информации и да идентификуваат кои видови се присутни во одредено живеалиште. Често се користат за тестирање на инвазивни видови или како доказ дека на животните им е потребна поголема заштита.

Во друга примена на техниката генетичарката д-р Микаела Хелстром од лабораторијата „Аквабиота“ во Шведска работеше со Одделот на Светскиот фонд за природа во Алјаска и Одделот за управување со дивиот свет во Утиагвик за да собере снег од отпечатоците на шепите на поларните мечки.

2
Фото: Reuters


Тие ја тестирале техниката на поларните мечки во парковите во Шведска и во Финска.

- Материјалот надвор од клетката може да каже каков вид се, а постојат 1.000 или 2.000 копии. Но ДНК во јадрото што ја идентификува индивидуата има само две копии, така што огромен предизвик е да се добие доволно од снежните стапалки - вели таа.

- Ист е принципот како тестовите за татковство кај луѓето - додава таа.

Исто така, тимот работел со локалното население Инупијати, кое главно егзистира од лов и риболов.

- Тие навистина се грижат за нивната околина и не сакаат кога научниците доаѓаат и ги успиваат поларните мечки со седативи и им прават тестови на крвта затоа што мислат дека тоа ќе негативно ќе им влијае. Затоа, сметаме дека методот на наоѓање траги не е опасен ни за научниците ни за поларните мечки - изјави д-р Хелсторм.

ДНК на животната средина се открива со ултравиолетова (УВ) светлина од сонцето, па тимот одлучил да работи во мрак.

Но, условите биле многу лоши, било ветровито, а температурите паѓале до -40 степени. Главниот истражувач Ендру вон Дјук од Одделот за управување со дивиот свет на Алјаска рече: „Поларните мечки живеат во оддалечени области со екстремни временски услови, поголемиот дел од времето го поминуваат на многу динамичен и опасен морски мраз, така што моравме да бидеме будни. Патувавме со возила за снег со локалните ловџии и имавме корист од нивните вештини и експертиза. Ова не би било возможно без нив.

2
Фото: Nicklas Wijkmark


Но, екстремниот студ го променил однесувањето на поларните мечки.

- Сфативме дека поради студеното време, мечките се движеа различно од оние во парковите - тие изгледаа како да танцуваат - вели д-р Хелсторм.

- Тие добиваа долги влакна под нозете за да не им студи. Бев загрижен. За да се добие ДНК од влакната, потребни се цели вреќи коса и не се добива толку силен примерок. Па затоа моравме да собереме 40-50 стапалки од секоја мечка. Сфативме дека навистина добиваме јасни сигнали и секвенции од јадрото за да ги идентификуваме поединците, што е многу, многу голема работа. Беше ризичен проект и никој не успеал да го направи претходно. Но, сега имаме докази за концепт, па можеме да работиме на ова и се надеваме дека ќе ги имаме првите целосни индивидуалци во рок од една година - додаде тој.

mecki
Фото: Nicklas Wijkmark

И членовите на популацијата на Инупијатите биле обучени да земаат примероци во иднина.

- Тоа значи многу за локалната заедница, која веќе знае многу работи за поларните мечки. Тимот се надева дека Светскиот фонд за диви животни во Русија, за да ги анализира поларните мечки во целиот регион на Арктикот и нивните семејни дрвја, ќе ја процени големината на населението и ќе ги мапира патеките за миграција за да го покаже влијанието на климатските промени.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука