X
 15.03.2023 Образование

Сѐ помалку Американци се запишуваат на факултет

Сè помалку матуранти во САД се запишуваат на факултет. Матурантите мислат дека не вреди да се задолжуваат за да добијат факултетска диплома.

Грејсон Харт, кој неодамна завршил средно образование во САД, отсекогаш сонувал да се запише на факултет, но по матурирањето одлучил да не оди на студии. Тој сега режира театарска програма и според него, заработува добро. Тој вели дека многумина од неговата генерација за време на пандемијата сфатиле дека не им е потребен факултет за да успеат.

- Зошто да ги вложувам тие пари во парче хартија кое воопшто нема да ми помогне во тоа што го работам сега? - изјавил тој.

Во меѓувреме, кризата со студентски долгови во САД се влошува, а се зголемуваат празните работни места. Затоа, многу студенти одлучуваат да работат веднаш по матурирањето.

Скептицизмот за вредноста на факултетот не се појавил во пандемијата. Со години истражувањата покажуваат дека сè повеќе млади луѓе сметаат дека студирањето во САД е прескапо, а факултетската диплома не ги нуди сигурноста и поволностите како порано.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование