05.02.2019
Технологија
„Фејсбук“ забрани фотографии од статуи поради голотијата
Музејот на историја и уметност во Женева соопшти дека „Фејсбук“ забранил фотографии на делумно разголени статуи на Венера и акт на маж на колена кои тие имале намера да ги објават на својата страница.
Музејот впрочем и на својот твитер-профил објави дека изложбата „Цезар и Рона“ ќе биде отворена в петок и ќе трае три месеци, приложувајќи ги споменатите фотографии. Но, тука се нагласува и дека „Фејсбук“ во тоа ги спречил, поради голотијата на сликите.
3а секој случај, и сликите на „Твитер“ се цензурирани со натпис-ленти.
Извор: МИА