Имајќи предвид дека ракот е една од најсмртоносните болести на денешницата, секој нов развој во борбата против него е за пофалба.
Последниот напредок го направи 14-годишниот Хеман Бекеле, ученик од Анандал, Вирџнија. Тој создал сапун за лекување меланом, најчестиот вид рак на кожата. Неговото откритие му ја донесе титулата најдобар млад научник во Америка.
- Го направив сапунот спојувајќи обичен медицински сапун со салицилна киселина, гликолна киселина и третиноин во сооднос 50/30/20. Сите се кератолитички агенси кои полека ги реактивираат дендридоцитите. Откако ќе се користи сапунот за лекување меланом, тој ослободува рецептори во кожата. Овие рецептори се врзуваат за дендридоцитите кои ги реактивираат - изјави момчето на неговата презентација на предизвикот „3М Млад научник“.
Фото: IFL Science
Целта на сапунот е да им помогне на имунолошките клетки да останат активни додека организмот се бори со меланомот. Иако слични лекови се достапни за третман за рак на кожата, ова момче одлучило да работи на поприфатлива алтернатива, особено за земјите во развој.
Како победник, на Бекеле му била доделена парична награда од 25.000 долари. Младиот научник се надева дека ќе го усоврши својот изум и ќе создаде непрофитна организација за дистрибуција на лекот меѓу оние на кои им е најпотребен.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото: IFL Science