X
 03.12.2019 Живот

Оваа компанија им плаќа на луѓето по речиси 2.000 долари за постојано да ги снима

Ако автоматизацијата се развива како што предвидуваат некои, многу луѓе во иднина ќе бидат невработени. Некои истражувачи предложија користење на универзален основен приход - безусловна сума на пари која би му се давала на секој член на општеството за да се осигури дека тие луѓе сè уште можат да си дозволат да ги купат сите нешта што им се потребни за живот. Но, нов дистописки социјален експеримент има цел да дознае дали невработените би сакале да ја продадат нивната приватност во замена за пари. Излегува дека некои се расположени, а моменталната сума е околу 1.830 долари месечно.

Експериментот е наречен „Проџект Егзограф“ и е првото дело на „Плазма Инц.“, јапонска компанија чија цел е унапредување на општеството преку наука и технологија и придонесување за благосостојбата на човештвото.

За експериментот, 4 лица се согласиле да ѝ дозволат на компанијата да инсталира камери во нивните домови, а единствените места каде што би немало камери се бањите. Еден месец камерите ќе снимаат сè што прават учесниците, кои во замена ќе добијат околу 1.830 долари.

На крајот од месецот компанијата ќе ја направи снимката анонимна за да не може да се препознаат учесниците и потоа ќе разговара со неколку компании и експерти за да види како може снимката да донесе пари, но нема да се продава. Идејата е тоа што компаниите веќе купуваат дигитални податоци на луѓе, па вреди да се истражи пазарот за податоците на реалниот живот на просечно лице - особено ако се земе предвид дека може да одиме кон иднина во која многу луѓе нема да можат да ја понудат нивната работа во замена за пари.

- Ако вештачката интелигенција и роботите забележат напредок, тогаш луѓето нема да мора да работат и би можеле да живеат животи во кои обезбедуваат податоци за пари - истакна Хироки Ено, извршен директор на компанијата.

Нормално, само затоа што „Плазма“ ќе му плаќа речиси две илјади долари на секое лице, тоа не значи дека компаниите што сакаат да купат податоци ќе бидат расположени да го направат истото.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот