Јапонија подарува или по многу ниски цени продава напуштени куќи и имоти.
Оваа земја има повеќе од 10 милиони напуштени домови, а идејата за подарување на овие објекти настанала со цел да им се помогне на младите парови што побрзо да добијат свој дом.
Куќите обично се наоѓаат во руралните области кои младите сè почесто ги напуштаат и заминуваат во градовите.
Бројот на жители во Јапонија сè повеќе се намалува и тоа станува сè поголема грижа за властите. Областите во кои Јапонија сака да го зголеми наталитетот и да го запре иселувањето се Кагошима, Кочи и Вакајама, за кои се прогнозира дека ако продолжи тој тренд, до 2033 година повеќе од 30 отсто од домовите ќе бидат
напуштени.