X
 03.12.2022 Технологија

Хамбург доделува до 10.000 евра за таксистите што ќе возат електрични возила

Локалните власти во Хамбург, Германија, неодамна објавија дека во градот има вкупно 250 електрични такси-возила, купени преку програма за субвенции на општините.

Властите не застануваат тука бидејќи сакаат да им помогнат на компаниите и возачите на такси-возила да преминат на електрични возила. Проектот „Такси на иднината“ им нуди на возачите до 10.000 евра за да го сменат возилото со електрично.

Во првите два круга градот доделил финансии за над 400 електрични такси-возила. Тука се вклучени и електрични возила кои се соодветни за лица со попречености.

Целта на проектот е да се намалат емисиите на штетни гасови од превозот. Според градот, менувањето на такси-возилата ќе помогне во промовирањето и нормализацијата на електричните возила во Хамбург.

Извор: The mayor
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија