X
 23.12.2022 Живот

Таксистите во Мадрид бесплатно ги возат пензионерите за да видат како е украсен градот

„Таксилуз“ е името на иницијатива во Мадрид, Шпанија, која им овозможува на постарите граѓани да ги видат новогодишните украси во градот со бесплатно такси.

Околу 900 постари жители на Мадрид ќе може да учествуваат во иницијативата. Постарите лица имаат тешкотии со движењето и често се чувствуваат изолирани, па затоа иницијативата треба да помогне во споделувањето радост со нив. Иницијативата се прави во текот на еден ден, а оваа година тоа било 21 декември.

Идејата се јавила во 2016 година кога унијата на таксисти во Мадрид одлучила да направи нешто специјално за пензионерите кои се згрижени во домови за стари лица. Оваа година таа е финансирана од фондот „Шајнберг“.


Фото: Мадрид/Pixabay

На почетокот само 20 таксисти сакале да учествуваат, но со годините нивниот број се зголемувал. Сега стотици таксисти учествуваат во оваа иницијатива. Истата иницијатива се проширила и во други градови низ Шпанија.

Турите траат 2 часа и по нивното завршување, патниците и возачите одат на топло чоколадо.

Извор: The mayor
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот