X
 03.12.2022 Образование

Совети за полесно учење на германскиот јазик

Многу млади во земјава го изучуваат германскиот јазик од различни причини. Овој јазик е тежок за совладување, но некои трикови може да ви помогнат подобро да го научите.

Електронската пошта нека ви биде на германски

Доколку го направите ова, на почетокот ќе се чувствувате изгубени, но доколку редовно користите апликација за електронска пошта и сте навикнати на нејзиниот изглед, набргу ќе ви стане забавно целото искуство. Истовремено ќе учите нови зборови и ќе се потсетувате на стари, па несвесно ќе го учите јазикот.

Следете германска кинематографија

Наместо американски, гледајте германски филмови. На почетокот секако дека нема да разбирате без превод, но потрудете се да ги слушате актерите и да го повторувате она што го кажуваат. Тоа е идеално за вежбање изговор.

Купувањето е можност за учење

Кога купувате нешто во германски продавници, обрнете внимание на тоа што пишува на германски јазик. Така ќе усвојувате нови зборови на овој јазик.

Секојдневно зборување

Додека извршувате домашните обврски, обидете се да опишувате што точно правите на германски јазик. Кога ќе стигнете до збор кој не го знаете, најдете го зборот во речник и на тој начин ќе го запомните.

Извор: Hocu
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование