Што можеме да дознаеме за другите образовни системи низ светот и што можеме да научиме од нив за да го направиме нашиот образовен систем подобар?
Австралија
Веројатно познат ви е австралијанскиот модел на образование. Австралиската наставна програма опфаќа основи на математика, англиски, наука и уметност. За да станете наставник во Австралија мора да поминете тригодишно високо обраозвание и дополнителни предмети. Тоа е доста помалку обука и пракса отколку што е потребно во Финска или Јапонија - двете земји кои скоро секогаш се рангирани меѓу првите 10 образовни системи во светот.
Финска
Наставниците во Финска имаат доста висок социјален статус, ист како докторите и адвокатите. За да станете наставник во Финска, мора да имате магистерски студии, а потенцијалните наставници се избрани од редот на највисоко пласираните студенти.
Јапонија
Образовниот систем во Јапонија работи преку приватно финансирање. Таа го има еден од најдобрите образовни системи во светот и постојано добива пофалби за ефикасноста на студентите. Многу јапонски семејства даваат пари за образованието. Ова е една од културните причини што многу јапонски ученици остануваат на училиште долго време.
Велика Британија
Политичарите повикуваат на образовни реформи низ цела Британија. Брајан Лајтман, генералниот секретар на Здружението на лидерите на училиштата и колеџите вели дека образовниот систем на Британија не успева да ги подготови како работна сила. Лајтман ја истакна важноста на стручната обука: „Наставниците треба да ја разберат и поддржат врската меѓу образованието и бизнисот“.
Кина
Образованието во Кина е познато по строгоста и дисциплината. Децата одат на училиште уште пред да одат во градинка и често пати посетуваат специјализирани училишта за средно образование кои вклучуваат стручни училишта, обуки за наставници и училишта со посебни колеџи.
Индија
Постои доста мал простор за дискусија за креативноста на индиските училишта. Предметите кои учениците ги учат се математика, наука и англиски јазик. Училиштата кои практикуваат англиски јазик се високо рангирани, а училиштето е задолжително до 14 години.
Училишта со не толку развиен традиционален систем
Од пред градинка до основно па и високо образование, постојат различни начини со кои наставниците и училиштата го нудат знаењето. Постојат тактилни играчки и вештини за емпатија кои ги негуваат наставници; одговорност за другите и другарство од страна на училиштата како и развивање на вештини за преживување.
Рудолф Штајнер и Монтесори училиштата применуваат слични тактики со години, а „алтернативното“ движење за образование стекнува се` поголема популарност во јавноста. Академците како Сер Кен Робинсон се залагаат за промена во многу традиционални техники на образование. Едно главно прашање е: зошто образованието го третираме како се` останато?
„Ги подготвуваме децата да научат да учат, а не како да направат тест“, вели Паси Салберг, поранешен наставник по математика и физика. Идејата може да се спореди со Монтесори методот, кадешто наставникците се ставени во училница да надгледуваат и да го олеснат учењето, а не да доставуваат одредени факти и да извлекуваат сакани одговори од учениците.
Учење на преносливи вештини
Јапонскиот училишен систем стана еден од најбрзо растечките успеси во образованието од целиот свет. Јапонскиот и финскиот систем се фокусираат на развивање на вештините за учење кај учениците и користат многу методи, како што е учењето на учениците да си помагаат еден со друг, пракса и други стручни предмети. Овој вид на образование може да ги подготви учениците да се справат со животот и да добијат конкурентна предност.
Земјите како Америка, Велика Британија, Австралија, кои имаат голема социјална и расна поделба, треба да се обидат да го усвојат овој образовен систем доколку сакаат да имаат подобри бизнис и академски резултати. Овој училишен систем е поваежн од постигнување оценка над просечната за време на испит.