X
 19.11.2024 Живот

„Ербиенби“ ќе го изнајмува култниот Колосеум, а неколку избрани среќници ќе го имаат само за себе

Неколку среќници ќе добијат шанса да доживеат гладијаторско искуство во Колосеумот во Рим благодарение на соработката меѓу „Ербиенби“ и „Парамаунт пикчрс“, по повод објавувањето на новото продолжение на филмот „Гладијатор“.

Колосеумот во Рим со векови бил сцена за епски битки и легендарни гладијатори. Најновата понуда од „Ербиенби“ е шанса да откриете дали го имате она што е потребно за да ја освоите арената и да излезете како победници.

Првпат по речиси 2.000 години и во чест на продолжението на „Гладијатор“ на Ридли Скот, Колосеумот ја враќа првобитната намена како место за борба.

- Гостите ќе ги следат стапките на воините, ќе облечат оклоп и ќе ги тестираат своите вештини - велат од „Ербиенби“.

Гостите нема да можат да преноќат во најголемиот амфитеатар во светот, но ќе можат одблиску да го видат обновениот под на Колосеумот, кој во 19 век го отстранија археолозите, откривајќи огромен лавиринт од тунели каде што се чувале гладијатори и животни пред да започнат озлогласените битки.

Настанот ќе се одржи на 7 и 8 мај 2025 година, а заинтересираните ќе можат да се пријават од 27 ноември.

„Ербиенби“ неодамна ја претстави категоријата „Икони“, која нуди различни уникатни искуства: од ноќ во музејот на „Ферари“ до ноќ во вилата „Прлп рејн“, а дури и го ресоздадоа мочуриштето на Шрек во Шкотска и една ноќ во куќата од соништата на Барби во Малибу.

Извор: Klix.ba
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот