Во 1941 година, кога нацистичка Германија го нападнала Советскиот Сојуз, биле направени огромни напори за ископување калај во регионот Чукотка. Во 50-тите години геолозите откриле големи резерви на злато во областа, па војници биле распоредени да го надгледуваат рударството и да овозможат безбедност.
Полуостровот традиционално е дом на различни домородни сибирски племиња, како и на некои руски доселеници. Како најисточното населено место на Русија, климата во оваа област може да достигне непријатни температури од -40°C.
Ретки и фасцинантни фотографии биле направени во текот на 50-тите години во оваа област кога војниците одлучиле да ѝ понудат слатки задоволства на една поларна мечка и нејзините младенчиња. Ова било почеток на неверојатно пријателство меѓу човекот и ѕверот.
Одвреме-навреме војниците излегувале од возилата и им приоѓале на мечките и им нуделе лименки со засладено млеко. Тие не ги хранеа мечките со месо бидејќи тоа беше строго рационализирано, но ги почестувале со слатко задоволство кое го имало во изобилство - млеко.
Војниците ги отворале конзервите со млеко и им ги нуделе на белите мечки, кои радосно го пиеле засладеното млеко.
И покрај тоа што тоа било период на војна и судири, малите гестови како овие навистина помагале да се зајакне капацитетот на човештвото за добрина.
Фото: Gtgoodtimes