X
 04.01.2023 Живот

Во новата година уште една трансплантација на црн дроб, бубрези и коскени ткива

Рано утрово на Хируршките клиники започна експлантацијата на црн дроб, бубрези и на коскени ткива, откако вчера попладне семејството на пациентка во мозочна смрт даде согласност за донирање, информираат од Министерството за здравство.

- Нивната желба да подарат некому живот и здравје, денес донесе трансплантација на црн дроб, два бубрега и на коскени ткива. Благодарност до семејството од мое име и од името на сите екипи кои во изминативе 24 часа работеа и продолжуваат да работат - истакна министерот за здравство Беким Сали, пренесуваат од Министерството.

Дополнуваат дека тој истовремено искажал благодарност до сите медицински екипи кои изминатите часови работеа на подготовка на донорот, на реципиентите и во операционите сали.

- Нѐ радува тоа што сѐ повеќе семејства се одлучуваат да ги донираат органите и да спасат некому живот - посочил министерот.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот