X
 18.02.2022 Здравје

Научниците успеале да ја сменат крвната група во органи за трансплантација

Само во САД има 106.435 луѓе што чекаат трансплантација на орган. Повеќето од нив, а и другите лица низ светот што имаат потреба од трансплантација чекаат многу долго. Битен фактор кој одредува дали пациентот ќе добие орган е крвната група. Иако најболниот пациент треба да го добие органот, тоа често не се случува поради крвната група.

Марсело Сипел, професор по хирургија на Универзитетот на Торонто, и други истражувачи работеле на труд во кој предлагаат потенцијално решение за овој проблем.


Фото: Pixabay

Научниците користеле повеќе технологии за да претворат бели дробови со крвна група А во бели дробови со крвна група нулта. Било работено со вкупно осум бели дробови.

Оваа крвна група поретко е нападната од страна на имунолошкиот систем на пациентот, без разлика која е неговата крвна група. Луѓето со оваа крвна група се барани донори на органи поради оваа причина и затоа се нарекуваат „универзални донори“.

Во новото истражување се покажува дека е возможно да се смени крвната група на органите со отстранување на дополнителните шеќери во крвта. Истражувачите пронашле начин да користат ензими за оваа трансформација.

Ова откритие може да ја промени медицината во поглед на органската трансплантација и потенцијално да спаси многу животи.

Извор: Interesting Engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје