Летањето со авион им предизвикува огромен страв на многу луѓе. Тешко е да се убедат луѓето кои се плашат од летање да се соочат со сопствениот страв, но има и храбри кои и покрај сѐ, се одлучуваат на тој чекор.
На таквите луѓе им треба многу храброст и волја да го направат овој чекор, а сите дополнителни елементи што им помагаат во тоа секако многу значат. Еден од нив се наоѓа на аеродромот во Портланд, Орегон.
Имено, таму има две прекрасни лами кои им помагаат на луѓето да се ослободат од стравот и стресот од летање. Вработените на аеродромот организирале и донеле две лами чии имиња се Бени и Принс, а еден од патниците кој ја искористил можноста да се дружи со ламите бил воодушевен од оваа идеја.
- Можеш да ги прегрнеш, нивното густо крзно е многу меко. Тие се уникатни животни во споредба со повеќето други животни за терапија - изјави тој.
Ламите не само што служат како терапевтски животни за да ги смират исплашените патници, туку станаа и вистински ѕвезди на аеродромот. Нема човек кој ќе помине покрај нив, а да не ги погали и да не се фотографира со нив, со оглед на тоа што се работи за животни кои не се гледаат често. Се разбира, ламите секогаш се придружувани од стручни лица кои ги поттикнуваат луѓето да им пристапат и да се подружат со нив.
Извор:
Mojfaks.dnevnik.hr
Фото: Freepik