X
 23.06.2022 Здравје

Нова терапија со светлина го убива ракот на мозокот

Научници од Институтот за истражувања од областа на ракот во Лондон создале фотоимунотерапија која може да помогне во лекувањето на рак на мозокот. Клучен дел од третманот е состојка која свети под светлина и ги води хирурзите до туморот. Истовремено, речиси инфрацрвена светлина активира механизам кој го убива ракот.

Новото истражување се базира на техника со која со помош на флуоресцентна светлина прецизно се наоѓаат клетките зафатени од рак за да се отстранат. Во истражувањето, научниците додале молекула која се врзува со протеин кој често мутира во случај на рак на мозокот.

Откако флуоресцентната светлина им помогнала на хирурзите да го отстранат туморот, тие пуштаат речиси инфрацрвена светлина на местото која ја менува молекулата за да го убива ракот. Идејата е на овој начин да се убијат сите останати болни клетки по операцијата.

Научниците ја тестирале техниката на глувци и забележале дека клетките на ракот умирале веќе еден час по терапијата. Освен тоа, третманот му помогнал на имунолошкиот систем на глувците одново да се борат со ракот.

Научниците велат дека техниката наскоро би можела да се користи и за третирање други видови рак.

Извор: New atlas
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје