X
 04.02.2021 Живот

Кинескиот град Ченгду ги претстави новите, футуристички метро-станици

Студијата „Џ&А“ и „Сепанта дизајн“ ги дизајнирале 13. станици за новата метро-линија во Ченгду, Кина. Станиците се дизајнирани за да предизвикаат емоција кај корисниците, а тоа се прави преку необични форми кои се сè само не традиционални.

Ентериерот на станиците е дизајниран за да покаже теми што имаат значење за локалните жители и потсетуваат на природата во регионот. 



Новите станици се целосно автоматски, а возовите функционираат без возачи и комуницираат меѓусебно преку 5г-мрежа.

22-километарската линија се градела од 2016 година и е дополнување на постојната мрежа во градот.

Автор: Али Морис
Извор: dezeen.com
Фото: Instagram
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот