X
 04.02.2022 Спорт

Денеска се отвораат Зимските олимписки игри во Пекинг, Дехари ќе го носи македонското знаме

Единствен носител на македонското знаме на отворањето на Зимските олимписки игри во Пекинг ќе биде скијачот Дардан Дехари. Крос-кантри скијачката Ана Цветановска (која на сите ковид-тестови е негативна) поради близок контакт со својот тренер Борче Јованоски (двапати позитивен на ковид-19), нема да може да го носи македонското знаме. Доколку има два последователни негативни тестови, со посебно одобрение, Борче Јованоски ќе може веднаш од специјализираниот ковид-хотел да се врати во Олимпиското село во Пекинг. 

Дехари ќе се натпреварува во слалом и велеслалом со настапи на 13 и на 16 февруари. Цветановска ќе се натпреварува во крос-кантри скијање во дисциплините 7,5 km слободно, 7,5 km скијатлон и 10 km класично (настап на 5 и 10 февруари), додека трет македонски претставник на ЗОИ ќе биде Ставре Јада во крос-кантри скијање, дисциплини спринт слободно 1,5 km и 50 km слободно (8 и 19 февруари).

Отворањето на Олимпијадата ќе се одржи на Олимпискиот стадион во Пекинг „Птичје гнездо“ во 13:00 ч. по македонско време. „Птичје гнездо“ ќе стане првиот стадион во историјата на кој ќе се одржи церемонија на отворање и на Летните и на Зимските олимписки игри. Парадата на нациите на отворањето на ЗОИ ќе биде според кинеските знаци, а спортистите на Грција ќе бидат првите што ќе влезат на Олимпискиот стадион.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт