Доколку пропуштивте...
Не можете да ги делите, а вирусот ве плаши. Треба ли да се пуштат малолетниците да летуваат сами во услови на пандемија? „Мамо, тато дали ќе ме пуштите летово сама да одам на летување?“ Ова е едно од најпоставуваните прашања за време на летните распуст од страна на средношколците. Со тоа и една од најголемите дилеми на родителите. Секое лето тинејџерите сонуваат со друштвото да минат денови покрај езеро или море, ослободени од обврските и претпазливото око на родителите. А мајките и татковците веќе втора година со ред имаат уште една голема тежина на главите, како да се пушти детето на одмор, а истовремено и да се заштити од коронавирусот.
Ален Рустемов, момчето со златна ракавица: „За боксер-шампион, треба челична волја“ Момчето со златна ракавица - така го нарекуваат 17-годишниот битолчанец Ален Ристемов поради силниот удар на тупаницата. Годинава стана државен првак на Македонија во бокс во категоријата на јуниори до 56 килограми. Сега се подготвува за натпревари од Регионалната лига, а голем сон му е да учествува на Европското првенство што ќе се одржи во ноември годинава во Будва, Црна Гора.
Малолетници не можат да влезат во молови, редарите не им веруваат на годините На социјалните мрежи родители на средношколци посочуваа дека нивните деца не биле пуштани во затворени трговски центри бидејќи редарите им барале сертификат за вакцинација. Некои од нив немале лична карта или друг документ за идентификација со кој би можеле да ја докажат својата возраст, односно дека се малолетни лица