X
 18.12.2017 Живот

Во Јужна Кореја ретко се користи зборот „јас“

„Нашиот“ или „ние“ се зборови што често се користат во Јужна Кореја. Изразот на нивниот мајчин јазик е „ури“. Но, овој збор не е само граматички израз, туку културолошко правило. Во него се состои целата суштина на една нација.


Луѓето во Кореја го користат кога нешто се споделува од една група или заедница, или кога многу членови од групата или заедницата поседуваат исто нешто или слично. Сето ова се базира на нивната колективна култура, етнички хомогена популација и жестокиот национализам. Секоја куќа во Јужна Кореја се именува како „наша“, истото е и со компанија, па дури и со членовите на семејството. Зборовите „мој, мое, моја“ се сметаат за егоцентрични. Никогаш не велат „мојата земја“, туку „нашата земја“.

Културолошкиот колективизам се должи на учењето според Конфуциј. Етичките правила произлегуваат од тоа учење, иако земјата сега е базирана на хиерархија според класи. Сепак, индивидуите пристапуваат на социјалните контексти, имајќи ја групата на ум.

Интересно е и тоа што Корејците ги сметаат за Корејци и оние што не се, односно велат дека си Кореец ако го знаеш корејскиот јазик. Нивната азбука, со комплексната граматика, се смета за едно од многубројните научни и културолошки наследства.

Според начинот на изразување во Јужна Кореја, може да се заклучи дека англискиот јазик, на пример, е многу индивидуален, односно зборовите „јас“, „мое, мој, моја“ се користат премногу често во секојдневниот говор. Меѓучовечките односи во Јужна Кореја се силно врзани за социјалната хиерархија и колективните идеи, па високо вреднувана е и меѓусебната зависност. Иако звучи збунувачки да се слушне „нашиот сопруг“ или „нашата мајка“ (што доведува до размислување дека сите тие луѓе се роднини), сепак, Корејците едноставно така зборуваат, па сметаат дека кога учите различен јазик, треба и да размислувате различно.

Всушност, со учењето на корејскиот јазик се пристапува и кон друга перспектива, бидејќи јазикот е одраз на културата и културата е одраз на јазикот.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот