X
 20.02.2024 Живот

92-годишен човек е најстариот маж што го преминал Големиот Кањон. Ова се неговите совети за здрав живот

Деведесет и двегодишниот Алфредо Алијага Бурдио влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстариот човек што пеш го преминал Големиот Кањон.

Бурдио и неговата ќерка Анабел Алијага-Бученау велат дека подвигот бил делумно овозможен затоа што во неговите 70-ти ги променил своите навики за да стане поздрав.

- Никој не е премногу стар за да прави работи. Ако го примениш тоа што го правам јас, можеш да ги подобриш своите способности - вели тој.

- Подвигот беше охрабрувачки. Луѓето го бодреа татко ми - вели неговата ќерка.

Дури и група пожарникари од Тоскон, Аризона, станале негови обожаватели додека случајно пешачеле низ Големиот Кањон. За да го прослават Бурдио, тие го направиле почесен член на противпожарната служба во Тусон.

Иако оваа најнова екскурзија во Големиот Кањон се најде на насловните страници, ова не било првпат тој да направи ваков подвиг. Имено, во последните 30 години тој го прошета Големиот Кањон најмалку седум пати.

Додека неговата сопруга била жива, тие двајца го истражувале светот. Во тој период двајцата возеле велосипед од Финска до Германија, неколку пати го посетиле базниот камп на Монт Еверест во Непал и поминале една година патувајќи низ американските национални паркови. Неговата сопруга починала во 2006 година.

1
Фото: Anabel Aliaga-Buchenau.

Токму тогаш Бурдио одлучил да направи целосна промена на животниот стил.

- Сега немам никакви болести, ни дијагнози. Не пијам лекови и сум здрав - вели тој.

Како што вели, прави три работи секој ден за да го постигне тој здрав начин на живот: секојдневно пешачи најмалку 30 минути, добро се храни и пие вода.

За вечера често јаде овес со хранливи додатоци, како суви смокви и бадеми.

- Вечерам во 16 или 17 часот - вели тој.

И последната работа, која речиси е најважна, е да спиете најмалку осум часа.

- Тоа помага во дисциплината - вели тој.

Извор: Business Insider
Фото: Anabel Aliaga-Buchenau.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот