X
 27.07.2023 Живот

За 92 дена ги искачиле 14. највисоки планински врвови

Норвежанката Кристин Харила и нејзиниот водич од Непал, Тенџин Шерпа, станаа алпинистите кои се искачиле на 14 врва над 8.000 метри за најскоро време, освојувајќи го денеска и К2 во Пакистан.

И двајцата планинари за три месеци, поточно за 92 дена освоија 14 врва. Успехот е одраз на „решителност, тимска работа и упорност“, како што се вели во нивното соопштение.

Инаку, досега околу 40 мажи и неколку жени стигнале до сите 14 највисоки врва во светот. Италијанскиот планинар Рајнхолд Меснер прв го направи тоа во 1986 година.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот