Џанг Хонг (46) од Кина успеа да се искачи на највисокиот врв во светот од непалската страна и стана првиот слеп човек во Азија, а трет во светот, што се искачи на Монт Еверест.
- Без оглед на тоа дали имате инвалидитет или не, дали сте го загубиле видот или немате нозе или раце, не е важно, сè додека имате силен ум, секогаш можете да го завршите она за што другите луѓе велат дека не можете - изјави Џанг.
Тој го заврши 8.849 метри високиот хималајски подвиг на 24 мај заедно со тројца водичи и во четвртокот се врати во базниот камп.
Џанг го загубил видот на 21 година поради глауком.
За подвигот добил инспирација од Ерик Вајхенмајер, слеп американски алпинист, кој го освои Еверест во 2001 година, па Кинезот почнал да тренира под водство на неговиот пријател, планинскиот водич Чјанг Ѕи.
Непал во април повторно го отвори Монт Еверест за странци откако минатата година беше затворен поради пандемијата.
- Многу се плашев затоа што не можев да видам каде одам и не можев да си го пронајдам тежиштето, па понекогаш паѓав. Но, продолжив да размислувам бидејќи иако беше тешко, морав да се соочам со тие тешкотии, ова е една компонента од искачувањето, постојат тешкотии и опасности, но тоа е и смислата на искачувањето - истакна Хонг.
Извор:
Reuters
Насловна фотографија:
Facebook