Колку и да се трудат да ги избегнат комарците и да користат разни препарати, некои луѓе едноставно се магнет за овие напади. И постои добра причина зошто е тоа така. Неколку фактори влијаат на тоа дали комарците ве напаѓаат или да ве заобиколуваат.
Ги привлекува мирисот на кожата
Мирисот на кожата на кој реагираат комарците зависи од нивниот вид. Жолтите и тигрестите комарци реагираат на млечна киселина, додека видот „Anopheles“ ги привлекува масна киселина.
Мешавината од хемикалии и мириси навистина зависи од вас. Шминка, козметика, исхрана, pH на кожата, сите овие работи сочинуваат мешавина од хемикалии, така што вашиот мирис всушност зависи од вас и од тоа што користите и јадете.
Ги привлекува здивот
Важно е да се напомене дека комарците ги следат луѓето по мирис.
- Женките-комарци ги вклучуваат сите свои сетила кога одлучуваат дали сакаат да каснат некого. Јаглерод диоксидот што луѓето го издишуваат заедно со различни хемикалии создаваат мирис што комарците го мирисаат дури и кога се на 30 метри оддалеченост од луѓето - вели биологот Барт Ноулс, кој ги проучува комарците.
Температура на телото и испарување на водата
Нашите тела испуштаат топлина, а количината на вода што испарува од површината на кожата зависи од температурата на околината. Како што ни се приближува комарецот, може да го открие испарувањето на водата. Ова може да игра одлучувачка улога во тоа дали сме привлечни за комарците.
Една студија покажа дека комарците одат до блиските извори на топлина кои се нивните идеални температури. Секој човек ослободува повеќе од 300 различни хемикалии од кожата, а дури 100 од нив се во здивот. Постојат различни теории за тоа зошто една личност е попривлечна за комарците, а многумина велат дека тоа е затоа што имаат „слатка“ крв.
Некои, исто така, веруваат дека земањето витамин Б и лук ги прави луѓето помалку привлечни за овие инсекти.
Извор:
b92.net
Фото: Freepik