Маларијата е сериозна болест која може да биде и фатална. Таа е предизвикана од паразит кој го носат одреден вид комарци.
Истражувачи од Кралскиот колеџ во Лондон успеале да ги сменат гените на комарци при
експеримент за да им пренесуваат антималариски гени на следните генерации. Оваа иновација би можела да доведе до елиминирање на маларијата, особено бидејќи паразитот што ја предизвикува болеста станува поотпорен на лековите против маларијата.
- За целосно да ја елиминираме маларијата, треба да истражуваме многу нови пристапи, а овој би можел да биде еден од нив. Намалувањето на способноста на комарците да го пренесуваат паразитот одговорен за болеста би можело да има значително влијание - изјавил Џорџ Кристофидис, научник во високообразовната институција.
Фото: Pixabay
Тој додал дека е потребно ригорозно тестирање за ефикасноста и безбедноста на техниката пред да се пуштат генетички модифицирани комарци во животната средина. Новата техника се состои од менување на функционален ген кај комарците за да произведува антималариски молекули. Научниците планираат да ја користат технологијата КРИСПР-Кас9 за да го зајакнат ефектот.
Истражувачите порачуваат дека генетичкото модифицирање ќе биде искористено надвор од лабораторијата само кога ќе бидат сигурни дека е безбедно.
Автор: Лукија Пападопулос
Извор:
interestingengineering.com