Никој не ги сака комарците, но не можеме така лесно да се ослободиме од нив. Дури и ако тоа беше можно, не можете да елиминирате цел вид без тоа да има голем ефект на екосистемот. Сепак, некои научници не се толку сигурни дека загубата на комарците би била толку голема работа.
Има многу причини поради кои луѓето би сакале комарците да исчезнат засекогаш. Освен зуењето, касањето и чешањето, тука е и многу посериозниот проблем - маларијата, од која заболуваат околу 200 милиони луѓе, а еден милион умираат секоја година. Секако, не секој комарец е носител на маларија, туку еден одреден вид - Anopheles gambiae - е видот на комарци кои се примарни преносители на болеста. Па, да речеме дека овој вид ќе исчезне утре. Дали ќе ни „недостига“?
Излегува дека одговорот не колебливо „можеби не“ со нагласок на колебливо. Не можеме да кажеме со сигурност и несреќниот дел е што штом еднаш ќе ги снема, нема да може да се вратат. Сепак, многу научници мислат дека морничавото решение треба да се има предвид. Или барем верзија од него. Веројатно не би било ни штетно за околината бидејќи за реализација на најпопуларниот план не се потребни отровни хемикалии. Тој вклучува пуштање на генетски модифицирани комарци во дивината како еден вид временска бомба. По неколку генерации, поголемиот дел од популацијата би била стерилна. „Таргет маларија“ е непрофитен конзорциум финансиран од Бил Гејтс кој работи токму на тоа решение.
Комарец од видот Anopheles gambiae
Фото: Wikipedia
Нова четиригодишна студија ќе ги следи животните циклуси на неколку генерации на Anopheles gambiae и ќе следи точно како тие животни циклуси се прекрстуваат со оние на локалните лилјаци, риби, цвеќиња и инсекти. Ако загубата на комарците има влијание на популацијата на лилјаци (кои веќе се под закана), тоа е големо нешто, а истото важи за другите делови од ланецот на исхрана. Друго прашање на кое студијата би требало да одоговори е дали ако Anopheles gambiae исчезне, ќе се појави друг вид на инсект кој ќе пренесува маларија? Во тој случај не би било многу добро за нас да го спроведуваме
предложениот план.