Доколку сакате да читате книги, веројатно го користите секое слободно време за оваа активност. Тоа е добро бидејќи постојат поволности од читањето за психичкото здравје. Научниците досега откриле неколку причини зошто треба да читате барем еден час дневно.
Го намалува стресот
Читањето е поефективно од слушањето музика или гледањето телевизија за намалување на стресот. Ова го покажало истражување спроведено на Универзитетот во Сасекс, во кое испитаниците што читале имале 68 отсто пониско ниво на стрес по само 6 минути читање. Кога се концентрирате на читањето, мозокот е целосно ангажиран и нема време за размислување, анализирање или стрес.
За фокус
Поради нашата зависност од мобилните телефони, вниманието на човекот се намалило од 12 секунди во 2000 година на 8 секунди денес. Читањето може да ви помогне да се фокусирате на една работа подолго време, особено ако читате нешто што ви е интересно. На овој начин мозокот ќе се навикне на игнорирање на пречките.
Фото: Freepik
За меморија
Доколку читате многу, ќе имате и подобра меморија бидејќи постојано го вежбате мозокот. Кога читате, го користите речиси целиот мозок, особено делот за помнење бидејќи мозокот треба да го запомни она што сте го прочитале претходно за да ја следите приказната.
За долг живот
Читањето може да ви го продолжи животниот век за речиси 2 години, покажуваат истражувањата. Според истражувачите, луѓето што читаат 30 минути секој ден живеат подолго од оние што не читаат. Читањето го активира мозокот и помага во зачувување на неговото здравје, а со тоа и на генералното здравје.
Ова помага и во намалувањето на шансите за добивање Алцхајмерова болест. Според истражувања, шансите да заболите од оваа болест се помали за 2,5 пати доколку редовно читате.
За математика
Децата што читаат имаат многу подобри резултати по математика од оние што не читаат. Кога читате, секогаш го изложувате мозокот на нови идеи и така ви е полесно да учите нови работи.
Извор:
Studenti
Насловна фотографија: Freepik