Новите студенти на универзитет во Оклахома секој ден ќе мора да направат барем 10.000 чекори, а во однос на напредокот ќе добијат и соодветна оцена.
Универзитет во Оклахома се бори против „бруцошките килограми“ - здебелувањето како последица на промената на животниот ритам, стресот, несоницата и јадењето во мензите.
Факултетот „Орал Робертс“ од своите бруцоши сега бара да носат фитнес-нараквици со кои се мери нивната дневна физичка активност. Тие мора секој ден да направат барем 10.000 чекори.
Студентите својот фитнес-уред може да го купат на кампусот, а заедно со останатите учебници на него ќе потрошат 150 долари. Откако ја стават нараквицата на раката, нивните податоци за движење се чуваат на факултетот. Следењето на физичките активности не е новост на овој факултет.
Претходно, студентите со себе носеле бележници и таблети на кои ги запишувале сите физички активности во кои учествувале.
- Нашиот факултет е познат по тоа што се грижи за телото, умот и духот, а се смести и во топ 5 најздрави факултети во Америка - изјавил деканот, Вилијам М. Вилсон, со напомена дека нараквиците ги следат физиките активности на студентите дури и кога не се на
факултетот.