X
 30.01.2016 Наука

Интригантни начини за контролирање на вашиот мозок

До денес, научниците се`уште истражуваат зошто нашиот мозок функционира онака како што функционира - особено кога станува збор за функции како меморија, спиење и медитација.

 

контрола


Нашата потсвест може да обработи многу работи, а надворешните факти и искуства влијаат врз нашите соништа.

Но, исто така, нашата потсвест може да не` излаже, правејќи да веруваме во нешто што не се случило или да се сеќаваме на одредени емоции кон луѓето кои не` сакаат.

Постојат некои техники со кои можете да ги измамите вашиот мозок и да започнете да ги контролирате работите, од вашата продуктивност до емоциите па дури и спиењето. Усовршете ги овие трикови со што ќе можете да го подобрите вашиот потенцијал и со тоа ќе се чувствувате исполнето секој ден. Во продолжение погледнете на кои начини можете да го натерате вашиот мозок да прави неверојатни работи.

Трик #1 - Чувствувајте се одморено после само 2 часа сон

 

1


Со бурниот распоред на работа и динамичниот семеен живот, не е невообичаено да спиете само неколку часа. Но, постои едноставен трик кој ќе можете да го искористите за да се чувствувате освежени и будни без многу спиење.

Трикот се нарекува Уберман метода на спиење и тоа е начин на организирано спиење со кое го подобрувате РЕМ спиењето. На пример, започнувате да спиете во 19 часот и си поставувате аларм во 19.30. Станете, вечерајте, завршете ги домашните обврски и одете на спиење во 23 часот. РЕМ спиењето е пресудно, бидејќи тоа е единствена фаза на сонот која ве регенерира.

Трик #2 - Изберете што ќе сонувате

 

2


Сите ние имаме луцидни соништа, спиеме и сонуваме, но знаеме дека сонуваме.

Ова знаење ни овозможува да ги контролираме соништата. Но, постојат и трикови за постигнување на луцидни соништа.

Запишувајте ги соништата - После будењето веднаш запишете ги сите детали на кои можете да се сетите. На тој начин ќе го истренирате вашиот мозок, ќе забележите повеќе детали и нема да ги заборавате.

Запомнете кога ви се јавуваат луцидните соништа
- Тие се јавуваат најчесто непосредно пред будење или кога ќе заспиете непосредно после будењето.

Планирајте што сакате да сонувате пред да си легнете
- На овој начин, кога ќе започнете да сонувате, дури и ако не сте потонале целосно во сон, критичкиот дел од вашиот мозок и понатаму може да функционира.

Повторувајте си „Знам што ќе сонувам“ кога ќе потонете во сон - Со тоа ќе го извежбате вашиот свесен ум да остане буден во текот на сонот.

Трик #3 - Филтрирајте ги негативните мисли

 

3


Во нашиот секојдневен живот лесно не` иритираат некои ситуаации кои не` полнат со фрустрации и негативни чувства.

Но, наместо негативни реакции на стресни ситуации и луѓе, обидете се да филтрирате позитивни мисли следниот пат кога нешто лошо ќе се случи.

Со тоа можете да го извежбате вашиот мозок да пристапи кон тешките ситуации со позитивен став. Следниот пат кога ќе се почувствувате преплавени со работа или се наоѓате во друга стресна ситуација, извлечете го најдоброто од оваа ситуација.

Трик #4 - Станете моментално среќни

 

4


Ќе се чувствувате посреќни доколку постојано не посакувате среќа - едноставно излезете и правете работи кои знаете дека ќе ве направат среќни.

Докажано е дека работите како прошетка, медитација, квалитетно поминато време со саканите, помагањето на другите и смеењето може да го подобра расположението. Со мали промени на вашиот животен стил, имајте на ум дека не смеете да дозволите една негативна ситуација да ви го уништи целиот ден.

Бидете позитивни и секогаш гледајте ја пошироката слика.

Трик #5 - Чувствувајте се како да сте имале долг, продуктивен ден

 

5


Без оглед на тоа колку сте завршиле во текот на денот, понекогаш се чувствувате како да нема доволно часови. За среќа, постои решение. Клучот е да му овозможите на мозокот да обработи што повеќе информации во текот на денот.

За да го направите тоа, обидете се на вашиот мозок постојано да му овозможувате нови информации - да научите нови факти, да запознаете нови луѓе и да се стекнете со нови вештини.

Трик #6 - Ублажете ја болката

 

6


Звучи сомнително, но постојат интересни начини на кои можете да го излажете мозокот и да ја намалите болката. Без разлика дали станува збор за хронична болка или грчеви, треба да се соочите со вашата повреда и да се фокусирате на изворот на болка.

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои се допираат и зјапаат во своите повреди имаат подобро ментално разбирање за доживеаната болка.

Како резултат на тоа, тие ја намалуваат количината на болка перципирајќи ја како мала. Исто така, можете да се обидете да ја искористите техниката на медитација наречена „водена слика“.

Затоврете ги очите и седнете на мирно место. Замислете дека сте на убаво, спокојно место. Визуелизирајте детали како што се мирисот и звуците. Тоа ќе ви помогне да го одвлечете вашиот мозок од физичката болка и да го намалите хормонот на стрес.

Трик #7 - Запомнете нечие име

 

7


Клучот за зајакнување на меморијата е повторувањето. Кога ќе сретнете некоја нова личност, практикувајте да го изговорите неговото/нејзиното име колку што можете повеќе.

Кажете и`/му го името при запознавање, а потоа повторете го името во текот на разговорот, поставувајќи и`/му прашања.

Трик #8 - Станете повеќе фокусирани

 

8


Можете да станете повеќе продуктивни такашто ќе одмарате повеќе.

Истражувањата покажуваат дека релаксацијата на мозокот е од суштинско значење за зајакнување на меморијата. Следниот пат кога ќе совладате нова вештина или ќе научите нова информација, направете пауза на секој час.

Можете дури и да се обидете да дремнете. Мултитаскингот е одлична способност, но кога ќе му овозможите на мозокот повремено да се одмори, тој ќе има поголема моќ да се фокусира на задачите, ќе ја намалите можноста за грешки и ќе ја зголемите ефективноста.

Трик #9 - Претворете ги непријателите во пријатели

 

9


Кога некој ќе ве повреди тешко можете да го видете во друго светло. Но, постои начин со кој можете да се „измамите“ себеси и да се уверите дека таа личност ви се допаѓа.

Според истражувањата работата и совладувањето на предизвиците со некоја личност може да ви помогне да го зацврстите односот со неа, често пати на ефективен начин. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука