X
 04.07.2018 Технологија

Блокиравте некого на „Фејсбук“? Проверете пак

Ако некогаш сте блокирале некого на „Фејсбук“, веројатно сакате тоа лице да биде блокирано, барем додека не го промените мислењето. Поради тоа, новостите на најпознатата социјална мрежа може да ве изнервираат.

Имено, од „Фејсбук“ открија дека имале проблеми со баг кој погодил 800 илјади корисници и без нивно знаење одблокирал некои луѓе што претходно биле блокирани. Багот бил активен од 29 мај до 5 јуни. За среќа, багот не отишол многу далеку за да направи луѓето што сте ги блокирале автоматски да ви станат пријатели на „Фејсбук“ (ако биле пред да ги блокирате), туку само имале пристап до вашиот профил и до сето она што сте одлучиле јавно да го објавите.

„Фејсбук“ испратил известување до сите корисници за кои се мисли дека можеби се погодени од багот, па ако сте добиле такво нешто, можеби би било добро повторно да ја проверите вашата „црна листа“.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија