X
 04.09.2018 Образование

Бизнис-секторот во Македонија се запозна со можностите за студирање на Економскиот факултет во Љубљана

На 30 август 2018 во Стопанската комора на Македонија во Скопје, Државниот универзитет на Република Словенија, Економски факултет – Љубљана организира Бизнис-отворен ден.

Економскиот факултет - Љубљана ги претстави меѓународните постдипломски студии IBA - International Business Academy (Master programme).

Децениската успешна соработка со бизнис-секторот во Македонија и во регионот, државниот Економски факултет - Љубљана ја претстави со промоција на своите активности и изведувањето на меѓународните постдипломски студии IBA - International Business Academy (Master programme) во Скопје.

1

Од октомври 2018 на Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“ ќе започне реализација на наставата од програмата Бизнис и организација од Економски факултет – Љубљана. ТУКА можете да дознаете повеќе за наставната програма.

Во присуство на амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Милан Јазбец, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, и министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции, Бардул Даути (со докторат на тема странски инвестиции, токму на Економскиот факултет - Љубљана), деканот на Економскиот факултет - Љубљана, проф. Метка Текавчич, проговори дека приближувањето на Македонија кон европското семејство ќе ја зголеми и потребата од вештините кои студентите ги стекнуваат преку постдипломските студии и бизнис-академии организирани за потребите на компаниите.

2

„Десетгодишното присуство на Економски факултет - Љубљана во регионот, преку својот центар во Скопје, резултира со остварени соработки и партнерства со бизнис-секторот, но и интензивна соработка со академската сфера и работа на повеќе меѓународни проекти со неколку факултети во Македонија. Посебно би ја истакнала изведбата на меѓународните мастер-студии од областа на економијата и менаџментот со која создадовме десет генерации на успешни менаџер и лидери. Стекнатата диплома им овозможува да бидат високо конкурентни на македонскиот и на меѓународниот пазар на труд.

Намерата на Економски факултет - Љубљана е стратешки и интегрирано да ја интензивираме соработката со институциите, а особено со компаниите преку мастер-студии, проекти, истражувања, консалтинг... Сметаме дека за ова сега е погодно време особено со претстојниот период на подготовки за влез на Македонија во ЕУ. Токму затоа и сакаме да создадеме реномиран центар во Македонија“, изјави деканот на Економски факултет - Љубљана, проф. Метка Текавчич.

3

Успешни соработки што траат и нови партнерства кои доаѓаат создаваат и успешни приказни во полза на заедницата. Економски факултет - Љубљана има остварено неколку успешни меѓународни проекти со Бизнис-едукативниот центар М6. Претстојно партнерство, во насока на студиска програма и истражувања, ќе биде остварено со Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“.

За предизвиците што ги носи процесот за пристапување кон ЕУ, на презентацијата излагање имаше проф. Мојмир Мрак под наслов „Патот на Западниот Балкан за пристап кон ЕУ: Каде се наоѓаме“. Професорот Мрак ја нагласи потребата за интензивирање на соработката и преку соодветно едуцирани кадри во македонската бизнис-заедница.

5

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Азевски, е претставник на Македонија во Советодавниот борд (Advisory Board) на Економски факултет - Љубљана и е единствен член кој доаѓа од балканска земја, додека сите други членови се од другите западноевропски земји.

Во плановите на факултетот за следнава година е зголемување на партнерства и соработка со институции и компании во Македонија и во Косово, како и интензивирање на соработката помеѓу Стопанската комора и Економски факултет - Љубљана во насока на програми за бизнис-едукација, консалтинг, истражувања, особено во рамките на неодамна формираниот Коморски инвестициски фонд.

7

Активностите на Економскиот факултет - Љубљана во Скопје придонесуваат и за раст на бројот на студенти од Македонија што своето високо образование го имаат завршено во Словенија. Всушност, најголем број од странските запишани и завршени студенти на Економски факултет - Љубљана на додипломски, последипломски и докторски студии се токму од Македонија.

Економски факултет - Љубљана по третпат ја доби EQUIS акредитацијата, што е најреномирана акредитација за практична бизнис академска мастер-програма во Европа, а носител е и на AACSB акредитацијата, односно највисока акредитација за практична бизнис академска мастер-програма во САД. Факултетот ја поседува и акредитацијата AMBA за меѓународни МБА-студии.

7

Економски факултет - Љубљана е тројно акредитиран со т.н. „Тројна круна“ акредитации, ова се трите највисоки меѓународни акредитации за бизнис постдипломски студии во светот и се наоѓа во 1% на светско ниво. Економски факултет - Љубљана се вбројува меѓу 50-те најдобри факултети во светот и е рангиран на второ место во Југоисточна Европа и во првите 500 факултети на Шангајската листа.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование