X
 04.09.2023 Живот

Првачињата од Аеродром добиваат бесплатни едукативни и дидактички материјали со ликовите на хероите Биби и Боби

Во соработка со „Светот на Биби“, првачињата на територијата на Општина Аеродром добиваат едукативни и дидактички материјали со ликовите на хероите Биби и Боби, кои ќе ги користат за полесно совладување на материјалот.

Градоначалникот Тимчо Муцунски утрово го посети Основното училиште „Димитар Македонски“ каде што заедно со претставници на „Светот на Биби“ ги поделија сетовите кои се состојат од едукативни печатени изданија, постери, друштвени игри, сликовници и боенки. Станува збор на активност со која првачињата од сите основни училишта во Аеродром ќе добијат вакви сетови.



- Aеродром е првата општина во Македонија каде што учениците преку игра, забава и дружба со Биби и Боби ќе стекнуваат нови знаења и вештини. Со оваа соработка отвораме нови светови за дечињата и реализираме уште едно ветување пред граѓаните – пишува на фејсбук-страницата на Општина Аеродром.









Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот