04.10.2018
Живот
Село во БиХ предупреди: „Ниту една партија не е добредојдена“
Пред општите избори во БиХ, селото Подгора ги предупреди сите кандидати на сите партии да не доаѓаат таму.
„Нè лажете со години. Ниту една партија не е добредојдена во Подгора“, пишува на голем транспарент што се наоѓа сретсело. На задната страна од транспарентот, за оние што се тврдоглави, е напишана пораката: Дали прочитавте? На луѓето им е доста“.
Дел од партиските активисти помислиле дека жителите на селото не мислат сериозно, но нивните плакати биле искинати.
Подгора има 700 жители и малку е веројатно дека на изборите в недела ќе излезат да гласаат.
Помалку од 20 отсто од граѓаните имаат доверба во политичарите во државата, се наведува во анкета на Здружението на новинари на БиХ.
Извор: МИА